17-годишен голфер е првата идентификувана жртва во пожарот во Швајцарија

Првата идентификувана жртва на катастрофалниот пожар што избувна за време на новогодишната прослава во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана е 17-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини.

Тажната вест ја потврди Италијанската голф федерација, опишувајќи го како „млад спортист кој отелотворуваше страст и вистински вредности“.

Додека семејствата тагуваат, излегуваат морничави детали за причината за несреќата. Сведоци за француските медиуми тврдат дека пеколот настанал од прскалки за роденден прикачени на шишиња шампањ. „Келнерките носеа шишиња шампањ со прскалки кои беа премногу блиску до таванот. Целиот таван беше во пламен за неколку секунди“, раскажуваат преживеаните, додавајќи дека морале да кршат прозорци за да избегаат од густиот чад.

Back to top button
Close