18-годишник ноќеска пред полноќ со „мерцедес“ сакал да прегази деца во Карпош: пријавени се и други инциденти

Повеќе инциденти биле пријавени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Карпош во Скопје, при што две лица се лишени од слобода, а за неколку случаи се преземаат мерки за целосно расчистување.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, во 23.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С. (18) од Скопје. Тој бил приведен по претходна пријава дека, откако двајца малолетници физички нападнале 13-годишник, со патничко возило „мерцедес“ се обидел да го удри. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување, по што ќе следува соодветен поднесок.

Претходно, во 22.20 часот, во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н. (20) од Скопје, затоа што физички нападнал лице вработено како обезбедување, откако претходно се обидел да украде производ од продажен објект. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 22.30 часот, 32-годишна жена пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д. (31). Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истовремено, во 11.30 часот, Б.Ј. (46) пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од Б.П. (44). И за овој настан се преземаат мерки за целосно расчистување.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close