18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во Австрија за планирање терористички напад

Австриските медиуми пренесуваат дека лицето било уапсено во неделата откако се вратило со своето семејство од патување во Македонија

18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми. Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции. Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.

По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа. Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.

Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.

Минатата година, 19-годишен Австриец со потекло од Македонија беше уапсен оти планирал терористички напади за време на концертот на светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт

Back to top button
Close