18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските рокови поминати

Речиси 18.000 вработени во основното образование сè уште ја немаат добиено јануарската плата, иако законските рокови за исплата се веќе изминати. Доцнењето предизвика бран незадоволство меѓу просветните работници, кои преку социјалните мрежи бараат одговори за причините и состојбата со државната каса.

 

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура го потврдија доцнењето, но посочија дека станува збор за технички проблем. Според нив, Министерство за образование и наука навреме ги доставило пресметките до трезорот.

„Списоците се благовремено доставени, но од објективни причини во Министерство за финансии се доцни. Не уверуваат дека денес платата конечно ќе биде исплатена“, соопштија од СОНК преку нивната официјална Фејсбук страница.

Back to top button
Close