19-годишна Србинка загина при пад со парасејлинг во Будва


Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будва, Црна Гора, при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорскиот портал Vijesti.me, младата жена паднала од висина од околу 50 метри во морето, откако се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот.

Очевидци изјавиле дека веднаш по падот, девојката била извлечена од водата и со брод пренесена до градската марина. За жал, екипата на итна медицинска помош по пристигнувањето можела само да констатира смрт.

Полицијата врши увид, по што се очекуваат повеќе информации за причините што довеле до оваа трагична несреќа.

Back to top button
Close