19 МАЈ -Светски ден на Семејните лекари.


Секоја година семејните лекари го одбележуваат 19ти Мај како
светски ден на Семејните лекари.

Овогодишното мото на WONCA е
Семејните Лекари се секогаш тука за Вас.

По тој повод на 21.05.2022 год. (Сабота) во Скопје , во Градскиот
Парк кај фонтана Лотосов Цвет , во периодот од 11-14 часот ќе се
одржи настан со активност каде на случајните минувачи ќе им се
одредува BMI од страна на специјалистите по семејна медицина.
Целта на настанот е да се посвети внимание на популацијата за
обезноста и да се дадат совети и препораки од страна на
специјалистите по семејна медицина.
Одредување на BMI ќе се спроведува и во нашите амбуланти на
19.05.2022 на нашите пациенти .
Активноста е подржана од Фармацевската куќа Ново Нордиск на кој во оваа прилика им се заблагодаруваме.

Ќе ни преставува особено задоволство Вашето присуство на овој настан.

Со почит
Д-р Драган Ѓорѓиевски
Претседател на ЗЛОМ СМ

Back to top button
Close