2.300 луѓе починаа за време на екстремниот топлотен бран во Европа

Климатските промени го зголемија речиси тројно бројот на смртни случаи поврзани со топлината во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, според нова студија објавена во среда. Научници од Обединетото Кралство, Данска, Холандија и Швајцарија ги анализирале условите во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули.

Студијата на Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина ги вклучи, меѓу другите, Барселона, Мадрид, Лондон и Милано, каде што истражувачите рекоа дека климатските промени ги зголемиле температурите од топлотниот бран до 4 степени Целзиусови.

Тие проценуваат дека околу 2.300 луѓе починале од причини поврзани со топлината во текот на 10-дневниот период, при што околу две третини од смртните случаи – околу 1.500 – се припишуваат на климатските промени.

Температурите во многу градови се искачија до екстремни нивоа во овој период, честопати надминувајќи 40 степени Целзиусови.

Без глобалното затоплување, за кое студијата вели дека ги зголемило дневните температури во градовите за дополнителни 1 до 4 степени Целзиусови, околу 800 луѓе би умреле од топлотен удар, според пресметките на научниците.

За анализата, тимот ги споредил реалните температури измерени во градовите во тој период со моделирани вредности што би се случиле без климатските промени. Потоа го пресметале очекуваниот број на смртни случаи поврзани со топлината за двата сценарија.

Неодамнешниот топлотен бран особено ги погоди ранливите групи, како што се луѓето со претходни здравствени проблеми и постарите лица. Според тимот, 88% од проценетите смртни случаи се случиле кај луѓе на возраст од 65 години и постари

Back to top button
Close