2 лица се повредени во верижниот судир на Илинденска
Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи во 17.40 минути се судриле три возила на Илинденска во Скопје.
Повредени се две лица и итно се пренесени во ГОБ 8ми Септември.
Од МВР за Прес 24, соопштија дека се судриле опел, мазга и рено.
Увид се врши на местото на настанот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта.