20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Денеска (1-ви мај) ЕУ одбележува 20 години од последниот голем круг на проширување кога десет земји – Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија – се приклучија на блокот.

96396315 – rise in the sky the biggest flag of the european union in the world

Во текот на изминатите 20 години, економијата на ЕУ порасна за 27%, при што оние земји што се приклучија во 2004 година забележаа значителен економски раст над просекот на ЕУ.

Помеѓу 1994 и 2004 година, трговијата меѓу старите и новите земји-членки порасна речиси три пати, а меѓу новите членки петкратно. Економиите на новите земји членки пораснаа во просек за 4% годишно од почетокот на процесот на пристапување до глобалната финансиска криза во 2008 година.

Во двете децении од пристапувањето, економиите на Полска и Малта се зголемија за повеќе од двојно, додека Словачка достигна дури 80% на економски раст.

Полска инвестираше 86 милијарди евра во буџетот на ЕУ но од таму доби 261 милијарда евра за 20 години откако стана членка на ЕУ.

Дури и овие бројки некои сметаат дека се само еден дел од можностите кои ги нудат фондовите на ЕУ.

Поранешниот латвиски претседател Ваира Вие-Фрајберга изјави дека сè уште има премногу пропуштени можности.

„Постојано слушаме дека се достапни големи средства, но ни требаат проекти што ги задоволуваат европските барања, а тие проекти ги немаме готови“, рече Вие-Фрајберга.

„Погледнете ги оние земји што се приклучија [во 2004 година], видовме многу мали проблеми со економскиот просперитет, некои од тие земји се на добар пат да бидат економски моќници, како Полска“, рече еден претставник на ЕУ.

Со оглед на ваквите емпириски податоци за успехот на проширувањето ЕК подготвувајќи го новиот бран на овој процес кон Западниот Балкан, Украина и Молдова стравува само од малкуте лоши примери на земји членки кои и се приклучија на ЕУ пред 20 години и во текот на тој период забележаа драстично назадување во однос на демокрарските вредности и владеењето на правото- тренд кој челниците на ЕУ не би сакале да се повтори.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close