22.08.2022 година и што потоа?

Почитувани читатели,

Изминатиов период најодговорно бев посветен во потрагата по вистината поврзана со стечајот на Еуростандард банка.

Ангажирав врвни, стручни лица од светски мастраф за истрагата поврзана со стечајот на Еуростандард банка. Денот на обзнанувањето на овој извештај е најавен за 22.08.2022 година, кога со кристално јасни податоци ќе биде евидентиран и обзнаен криминалот кој скоро две децении се практикува во банкарскиот систем на Република Македонија.

Сознанијата до кои дојдов се фрапантни по самата Република Македонија, бидејќи во целиот овој синџир на организиран банкарски криминал, мојата Еуростандард банка беше ушмукана од големите играчи на овој црн бизнис и исфрлена како крпа од банкарскиот систем, со една единствена цел, а таа е да не се ремети функционирањето на организираниот криминал во банкарскиот систем.

Трагајќи по вистината за Еуростандард банка се соочив со фактот дека токму во банкарскиот систем е вгнезден организираниот криминал.

Честопати се прашувам зошто мене ми се случи вакво нешто во мојата Македонија? Никогаш низ целиот мој живот, не сум бил поддржувач или дел од било какво криминално делување. Никогаш не сум давал директиви на мојот Управен Одбор, вклучително со секторот за кредитирање да ограбуваат мои коминтенти, независно дали се работи за физичко или правно лице. Во моментот кога разбрав, како акционер, дека мојата банка е вовлечена во банкарскиот свет на незаконско работење, решив да се справам со такво зло. Најпрво го сменив Управниот одбор и директорот за кредитирање. Именував нов Управен одбор, како милувате наречете ги, ама тој Управен одбор беше составен од лица подготвени да трагаат по „мирисот” на украдените пари. Таа личност која се нафати на оваа Сизифовска задача, беше бившиот долгогодишен директор на највисоката финансова институција во државата-УЈП, Горан Трајковски кој во себе ги имаше инкорпорирано знаењето и човечката доблест да ги најде одлеаните финансиски средства. Токму во моментот кога беше именуван господинот Трајковски за Генерален директор на Еуростандард банка, заедно со декларациите кои ги упативме кон сите наши партнери и банки со кои соработувавме, беше донесена одлуката да Еуростандард банка се фрли во стечај по секоја цена, бидејќи по трагата на парите ќе стасавме и до крајните корисници, кои несомнено беа и сѐ уште се на многу високи позиции во Република Македонија.

Извештајот ќе биде поставен на социјалните мрежи чија достапност ќе биде транспарентна и лесно читлива за секој поединец.

Најголемото прашање кое се поставува пред мене е како ќе реагираат најсилните институции на системот во државата, а тоа се Владата на РМ, Јавното обвинителство заедно со Финансиската полиција при Министерството за финансии, Народна банка и Собранието на РМ?

Не треба да се има сомнеж дека извештајот е веродостоен.

Најотворено се прашувам дали во погоре наведените институции кои го регулираат севкупниот живот во РМ ќе има доблесни и одговорни луѓе да отворат процес за сузбивање на организираниот криминал.

Анализирајќи ги погоре споменатите институции, сомнежот кај мене е присутен дека ќе се настојува овој настан да се забошоти.

Вообичаено во РМ гласи правилото „секое чудо за три дена”. Сакам да ги убедам институциите и одговорните во институциите погоре наведени, дека нема да останам мирен ,,чудото да трае три дена”, туку ги убедувам дека додека сум здрав и ме служи умот оваа моја борба ќе трае сѐ до комплетно расчистување со ова општествено зло.

Чекорите кои ќе ги преземам после оваа презентација на организираниот криминал во РМ ќе биде токму Европарламентот и европратениците, од кои неколкумина денеска се активни на својата позиција во Стразбург, запознаени со оваа материја, ми даваат комплетан подршка и препорачуваат овој извештај официјално да го обзнанам пред сите европратеници. Очекувам дека Евро-парламентот ќе ми биде вистинска поддршка во сузбивањето на општественото зло во РМ што се вика организиран криминал.

Доколку и на Евро-парламентот нашиот систем молчи, тогаш ќе следи арбитража која ќе се води во Парис.

Клучни луѓе во европското семејство кои се запознаени со овој извештај ми ја гарантираат својата поддршка, а меѓу нив се најеминентни адвокатски канцеларии во Парис.

Почитувани читатели и од вас граѓаните ја барам вистинската подршка. Општественото зло наречено организиран криминал погоди многу луѓе пред мене, а бидете убедени дека доколку не реагираме во вистински моменти, тоа зло во РМ може да му се случи секому.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close