23 години му го чувале работното место -полициски инспектор на Лазар Нанев, разрешениот судија кој наскоро ќе седне и на обвинителна клупа

Доскорешниот судија и претседател на кавадаречкиот суд Лазар Нанев од пред извесно време е полициски инспектор во полицијата во Кавадарци. Нанев бил вратен во ОВР Кавадарци врз основа на одлука од 2002-ра година потпишана од тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, пренесе Телма.

Нанев од декември 1999-та до 2002-ра работел како инспектор во ОВР Кавадарци и во 2002-ра е избран за судија во Основен суд Кавадарци каде согласно законот бил и вработен. Од Бошкоски, како министер добил одлука дека полициското работно место му се става во мирување.

По разрешувањето од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Судскиот совет му поведе постапка затоа што 97 пати се јавил на обвинет во предмет кој тој го судел. Покрај тоа, во Советот имаше пријави за притисоци од обвинител во Кавадарци.

Против Нанев има поднесено и обвиенн

ие за случајот за кој е разрешен и судењето е закажано за 23-ти септември кога Нанев ќе се појави како инспектор во полиција во која му го чувале местото 23 години

 

Back to top button
Close