23 годишна девојка почина од корона

23-годишна девојка почина ноќеска од последиците на ковид-19 во болницата во Велес. Таа е велешкото село Иванковци, во модуларната болница била донесена на 23 октомври, а на 28 октомври е регистрирано дека е позитивна на коронавирусот.

„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“, соопшти Велешката болница.

Девојката е 223 жртва на ковид-19 вирусот во Велешко.

Во трите Ковид одделенија од болницата хоспитализирани се 38 пациенти, потврдено позитивни се 28, со негативен тест се девет но со потреба од болничко згрижување, а еден пациент е непотврден. Во текот на изминати 24 часа примени биле тројца пациенти, сите на Инфективното одделение, а испишани како оздравени со по еден негативен тест биле шест пациенти. На кислородна поддршка се 19 лица. На Инфективното одделение хоспитализирани се 20, во Интерното четворица и во Модуларната болница 20 пациенти. Освен од Велешко, во овие одделенија згрижени се и пациенти од Свети Николе.

Back to top button
Close