23-годишно момче пронајдено мртво во Скопје

23-годишно момче од Скопје е пронајдено мртво во фирма на булеварот „Србија“.

viber sharing button

Како што соопшти МВР, Итната медицинска помош вчера во 12:30 добила повик дека момчето било починато.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор, велат од полицијата.

Сепак, по наредба на Јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.

 

Back to top button
Close