24-часовен видео надзор во Вардариште и обезбедување – бараат жителите на скопски Аеродром

Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – ова се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“.

„Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој ден од 18 часот, се додека надлежните не започнат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите.

Жителите на Аеродром и околните населби се гневни, особено по пожарот на Вардариште, кој со денови ги труеше.

Од тогаш и Дрисла се запали, а потоа и пожарот во погонот за електронски отпад во Трубарево.

На секојдневните протести има возрасни, стари и деца. Сите со една порака – заслужуваме чист воздух!

Back to top button
Close