24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник

На 23.12.2025 година во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (24) од Скопје, откако на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ со улицата „Македонско-косовска бригада“ физички нападнал полициски службеник.

Нападот се случил додека полицискиот службеник извршувал службени дејствија, односно регулирал сообраќај за време на одржување протест. Повредениот полицаец бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close