Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Од пет до седум пријави за сексуална злоупотреба дневно пристигнуваат на Академијата за драмски уметности во Загреб, а до денес се вкупно 24. Во петокот бил одржан состанок на работната група што беше формирана по бројните исповеди на нивни поранешни и сегашни студентки.
Повеќето од нив сведоштвата ги споделуваа на Фејсбук на групата „Nisam Trazila“ која беше формирана по јавната исповед на српските актерки Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ дека биле сексуално злоупотребувани од нивниот наставник по глума, Мирослав Мики Алексиќ.
Како што пишува Јутарњи, Академијата за драмски уметности не е единствениот случај каде вакви пријави се разгледуваат. Четири пријави пристигнале и на Филозофскиот факултет во Загреб.
„Откако ги добивме тие пријави, еден од нашите професори е привремено суспендиран од настава и е во фаза на службена суспензија – вели Норма Трковник, застапничка на студентските права на Филозофскиот факултет во Загреб.
Четири пријави од четири студентки пристигнале и на Ликовната академија, од нив две сè уште студираат на Академијата.
Анонимно за хрватскиот весник изјавиле дека досега никаде не пријавиле за сексуалното насилство, бидејќи стравувале дека тоа ќе влијае на нивниот процес на студирање.