24инфо.мк – Палчо за неколку часа ќе биде донесен во Македонија

24инфо.мк ексклузивно дознава дека вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Според информациите што ги добивме, вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година во турскиот град Беликесир каде што побегна по злосторството во Скопје, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.

Како што објавија дел од медиумите, Палевски вечерва ќе биде екстрадиран со редовен лет на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Back to top button
Close