25 годинишник се обидел да прегази двајца полицајци

На 13.06.2020 во 01.50 часот во Прилеп, на ул. “Браќа Миладиновци” од страна на полициски службеници е пријавено дека шофер на патничко возило “пежо”, со прилепски регистарaција, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање. По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак “стоп”, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница “Прилепски бранители”.

Но, момчето со автомобилот се упатило кон службеното лице, со цел да го прегази, по што полицаецот, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала.

По извесно време, возилото било стопирано на земјен пат од Варош кон градските гробишта, при што е уапсен 25-годишниот возач, кој се барал со потерница за издржување на затворска казна и заедно со неговите сопатници на возраст од 35 и 28 години биле приведени во полициската станица Прилеп.

Извор: Батали.нет

Back to top button
Close