25 годишникот кој до смрт избоде лице во старата скопска чаршија е уапсен во Косово
Расправија за такси и банална кавга во кафе-бар прераснале во крвава драма во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, кој е осомничен дека убил едно момче, а се обидел да убие и друго.

Жртвата е идентификувана како Ахмет Мерт Доган, 22-годишен турски државјанин, кој починал на лице место од убоди со нож.
Според реконструкцијата на настанот од страна на ОЈО, инцидентот започнал во кафе-бар во Чаршијата. Осомничениот (25) влегол во вербална расправија со жртвата и неговиот 23-годишен пријател (жител на германскиот град Есен).
По првичната кавга, двајцата оштетени заминале кон Плоштадот.
„Меѓутоа, бидејќи не успеале да најдат такси, повторно се вратиле кон Чаршијата и поминале во близина на истиот кафе-бар“, се вели во соопштението.
Четири убоди директно во срцето
При повторната средба, расправијата ескалирала. Осомничениот извадил нож и го нападнал Ахмет Мерт Доган.
Му нанел четири убоди во градниот кош и срцето, што било фатално.
Со ножот го нападнал и неговиот пријател, прободувајќи го во грбот со намера и него да го убие, но тој преживеал.
Убиецот идентификуван преку камери, уапсен во Косово
По делото, убиецот побегнал. Скопската полиција и обвинителството веднаш ги прегледале снимките од видео-надзорот во Чаршијата, што овозможило брза идентификација.
Истрагата покажала дека тој пребегал во Косово. По распишаната потрага, тој е лишен од слобода од страна на косовските органи.
„Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство, врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција“, информираат од Обвинителството.
Осомничениот се товари за две тешки дела: „Убиство“ и „Убиство во обид






