250 илјади евра долг,3 месеци хонорарците не зеле плата. МКЦ е пред стечај директорот молчи

МКЦ Е ПРЕД СТЕЧАЈ, ИМА ДОЛГОВИ ОД НАД 250.000 ЕВРА, А ХОНОРАРЦИТЕ 3 МЕСЕЦИ НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА, ВЕЛАТ ВРАБОТЕНИТЕПлата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето. (Фото: МКЦ)

Дваесетина млади хонорарци во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје три месеци немаат земено плата и се очекува наскоро да се затвори бифето, велат извори од оваа институција за САКАМДАКАЖАМ.МК. Плата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето.

„На сопствена сметка сме под постојан удар на извршители, а проценката е дека сме минимиум 15 милиони денари (над 240.000 евра) во долг, во кое не се вклучени сметките за струја, вода и парно. На преминот од 2021 – 2022 кога градоначалничката Данела Арсовска го назначи Ванчо Богоев на местото на Русе Арсов како в. д. директор, институцијата беше со 5 милиони денари (80.000 евра) на сопствена сметка во позитива.  Добивме назнаки дека наскоро ќе ни биде исклучена и струјата“, велат нашите извори, кои сакаат да останат анонимни бидејќи не се овластени за официјални изјави.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК на 30 јуни испрати прашања до директорот на МКЦ, Арбен Бени Шаќири, и до Одделот за сметководство зошто ангажираните со договор за дело немаат земено плата, кога ќе земат плата, колкав е долгот на МКЦ и дали наскоро ќе им биде исклучена струјата, но до објавувањето на текстот не добивме одговори.

Повеќе ТУКА

Back to top button
Close