26 години затвор за командант на ОВК

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Салих Мустафа е осуден на 26 години затвор  од Специјалниот суд, со седиште во Хаг,  за  убивање и тортура.

Салих Мустафа, познат како „Командант Цали“, бил командант на герилската единица на БИА, единицата во рамките на Оперативната област Лап на Ослободителната војска на Косово.

Главниот судија пред да ја соопшти одлуката рече дека има погрешни мислења дека обвиненијата се против Ослободителната војска на Косово и народот на Косово и дека  сведоците  кои учествувале во судскиот процес против Мустафа се плашат за себе и за своите семејства и се уште се трауматизирани од она што го доживеале.

На оваа казна прв реагираше министерот за одбрана Арменд Мехај, кој рече дека Специјалниот суд е неправеден суд, а Ослободителната војска на Косово го бранела својот народ и територија.

Самиот Мустафа се изјасни за невин за овие злосторства. Тој го нарече судот- „канцеларија на Гестапо“, тајната полиција во времето на нацистичка Германија.

Back to top button
Close