Јанкуловски старо нов ректор на УКИМ

Jанкуловски старо нов ректор на УКИМ

Изборот го следеа низа контроверзи во однос на законската процедура, а го бојкотираше ФДУ, додека тројца од кандидатите ги замрзнаа кандидатурите

Никола Јанкуловски повторно е избран за ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, објави попладнево Универзитетската изборна комисија која ги спроведе изборите и покрај тоа што тројца од кандидатите ги замрзнаа своите кандидатури поради забелешки дека тие се спроведуваат незаконски.

Според одлуката на изборната комисија, а чиј мандат имаше најголеми забелешки поради тоа многу од членовите си поднесоа оставки, Јанкулоски добил 942 гласа од вкупно 1 450, додека 106 биле неважечки и 478 неискористени.

Одлуката на Универзитетската изборна комисија

Јанкуловски според денешните резултати ќе го води Ректоратот на УКИМ уште 4 години – од 15-ти септември годинава, до 15-ти септември 2023-та година.

Јанкуловски, кој е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, беше меѓу седумтемина кандидати за ректор.  Во записникот на универзитетската изборна комисија пишува дека нема неправилности и проблеми при гласањето и дека гласањето, во целост е спроведено законски.

Изборо на ректор го следеа низа контроверзи, а се започна со одлуката на Јанкуловски да распише избори, по што Независниот академски синдикат (НакС) посочи дека се брзаат и форсираат изборите, иако мандатот на новиот ректор треба да започне на 15 септември. Професорите членови на НАКС реагираа дека постапката за избор не треба да биде започната во вонредна состојба кога имаше Уредба дека мандатите на телата се продолжуваат, како и во период кога се распишани парламентарни избори. Но за оваа Уредба, Уставниот суд се изјасни дека е мешање во автономноста на Универзитетот.

Back to top button
Close