30 дена притвор за 50-годишник од Македонски Брод осомничен за силување на девојка со попреченост

50-годишник од Македонски Брод повеќепати силувал млада девојка со попреченост.

– На 31.07.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.В.(50) од село во близина на Македонски Брод, поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка (лице со здравствени проблеми) од истото село, соопштија од МВР во дневниот билтен.

Од страна на судија на претходна постапка, на М.В. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close