30 повредени во невремето во Нови Сад

Триесет лица се згрижени во Клиничкиот центар Војводина во текот на ноќта по силното невреме кое го зафати регионот. Како што пренесува Танјуг, дел од лицата се со тешки повреди здобиени од удар на гром во објектите каде престојувале, меѓу кои 73 годишен човек кој е пренесен на одделот за хирургија. Во болница завршила и 45 годишна жена која била повредена откако паднало дрво врз киоск, додека другите пациенти се примени со полесни повреди.

Во невремето вчера загина и 12 годишно дете. Според написите во медиумите детето настрадало пред зградата во која живеело за време на невремето. Обидите за реанимација биле безуспешни. Сè уште не се знае починало од струен удар или било погодено од гром.

Штетите од невремето се уште се утврдуваат. Во одредени населби и денеска нема струја, а улиците каде падна кран и цела кровна конструкција се уште се блокирани за сообраќај.

Back to top button
Close