31 илјади неважечки ливчиња

Државната изборна комисија регистрира 31 107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3 421 од 3 480 избирачки места.

Бројот на важечки ливчиња изнесува 869 533.

Гласале 927 640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1 814 263 во избирачкиот список.

Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија вчеравечер надлежните по затворањето на гласачките места.

Десеттите парламентарни избори поради актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, а се гласаше со маски и други превентивни мерки според протоколот што го утврдија здравствените институции.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close