31 пратеник не се појави на итната седница за измените на Изборниот законик

Иако Собранието денеска закажа вонредна седница за усвојување на измените на Изборниот законик, дури 31 пратеник не си го прекина одморот и не се појави во пленарната сала.

Се работи за Бејџан Илјас, Миле Цеков, Павле Арсовски, Димитар Ковачевски, Благоја Бочварски, Јована Мојсоска, Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Моника Зајкова, Али Ахмети, Зијадин Села, Садула Дураку, Скендер Реџепи, Рина Ајдари, Бегим Ќоку, Фериде Хаџиу, Имерлије Салиу Фетаи, Беким Сали, Мимоза Муса, Амар Мециновиќ, Реџеп Исмаил, Олга Лозановска, Пеце Милевски, Марија Петрушевска, Весна Ѓорѓиевска, Силвана Ангелеска, Дејан Продановски, Јован Јаулески, Игор Здравсковски, Дафина Стојаноска и Драган Ковачки.

 

 

На дневен ред беа измени со кои треба да се обезбеди усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и одлуките на Уставниот суд. Според образложението, промените имаат за цел да ја зголемат транспарентноста на изборниот процес и да внесат поголема правна усогласеност.

 

Измените предвидуваат: регулирање на електронските медиуми и онлајн порталите во согласност со Законот за медиуми, усогласување со одлуките на Уставниот суд, кој претходно укина дел од одредбите за бројот на потребни потписи за независни кандидатски листи,bкако и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Иако дел од пратениците се повикаа на летниот одмор, според Член 5 од Деловникот, Собранието е во постојано заседание, при што одморот трае од 1 до 31 август, но претседателот има право и за време на одморот да свика седница

Back to top button
Close