333 кукли против злоставувањето
333 кукли со големина на дете се наредени пред катедралата во Келн. Тие се дел од уметничката инсталација „Скршени души во морето на тишината“- критика за односот на католичката црква кон случаите на злоставување.
Завиткани во бели и виолетови ленти, куклите покажуваат со прстот кон обележјето на Келн и симболот на католиците – акцијата има за цел да го осуди справувањето со сексуалната злоупотреба во црквата. Куклите, обвиени во боите на невиност (бела) и на свештеничката облека (виолетова), не се наменети да бидат критика на црквата воопшто, туку за нејзиниот однос кон сторителите и жртвите. (Дојче веле)