34 нови случаи на корона вирус од 598 тестови

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 598 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 47 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 17.09 до 01.10.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320

Back to top button
Close