Рашковски бара да му го вратат пасошот

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски бара од Кривичниот суд да му го врати пасошот што му беше одземен како мерка да не избега од државата откако му беше укинат притворот.

Откако му беше укинат затворскиот притвор, во февруари Апелацискиот суд на Рашковски му го укина и домашниот притвор и му ја прифати гаранцијата од 192 илјади евра.

Според одлуката на Апелација тој има обврска да се јавува во Кривичниот суд секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот и му беше одземена патната исправа.

Барањето Рашковски го изнел на денешното судско рочиште, на кое продолжија да се изведуваат доказите на Обвинителството, односно се читаа пораки што си ги праќале обвинетите во случајот „Софтвери“. Неговото барање доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмори.

Рашковски се товари за злоупотреби при набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци.

Back to top button
Close