360° Ацевски: За 20 години застарени и ненаплатени од Царина се 43 милиони евра

Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „360 Степени“ зборуваше за проблемите со недостаток на човечки ресурси во повеќе клучни институции како што се инспекторатите.

„Мојата препорака е, бидејќи често на министерот за финансии му се пласираат одредени состојби коишто вработените во министерството ги подготвуваат. Мислам дека и самите вработени треба да имаат чувство на одговорност во однос на буџетскиот корисник кога ги разгледуваат буџетските барања. Министерството за финансии и тоа како треба да биде заинтересирано да има успешни институции од областа на инспекцијата, контролата, ревизијата. Ако имаме исполните човечки ресурси, задоволни, квалитетни, способни и коишто располагаат со соодветни вештини, тогаш ќе имаме резултати. Не само во Инспекцискиот совет. Ако погледнеме за Царинската управа, од 1999 до 2019, и покрај тоа што се преземени сите мерки за наплата 43,6 милиони евра се застарени, ненаплатени средства во буџетот на државата. Дали Министерството за финансии не е заинтересирано за овие состојби, и врз самиот наод ќе видите дека министерот за финансии имал обврска да донесе подзаконски акт. Таквиот акт до ден денеска не е донесен. Дали некој од вработените во министерството не треба да му посочи на министерот дека таков акт недостастува? Втората работа е дека има активни ненаплатени 7,3 милиони евра. Дали се тоа средства за потценување? Ако имаме успешни и професионални институции во државата, коишто се грижат за приливите и приходите на буџетот, тогаш и нивото на задолжување на државата ќе биде далеку пониско“, вели Ацевски.

Back to top button
Close