360: Француски предлог: Македонскиот јазик именуван на ист начин како хрватскиот и српскиот

Во предлог–преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска беше објавена како дел од т.н. француски предлог, македонскиот јазик има ист третман како, на пример, хрватскиот и српскиот јазик кога беа усвојувани преговарачките рамки за овие две земји во 2005 и во 2014 година
По серијата реакции во јавноста околу именувањето на македонскиот јазик во предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, со наводи дека стои само придавката „македонски“ и недостига зборот „јазик“,

360° ги провери преговарачките рамки за Хрватска (земја членка на ЕУ) и за Србија (земја кандидат) за да увиди дали и какви разлики има во начинот на кој ЕУ го третира македонскиот, од една, и хрватскиот и српскиот јазик, од друга страна.

Дојдовме до заклучокот дека нема каква било разлика. Во сите три документи и оној за земјава и оној за Хрватска и оној за Србија, се користи иста формулација околу именувањето на јазиците. Таа гласи:

„Северна Македонија (Хрватска, Србија) ќе треба да изготви превод на acquis на македонски (хравтски, српски) во соодветно време пред пристапувањето и ќе треба да обучат доволен број преведувачи неопходни за соодветно функционирање на институциите на ЕУ во моментот на пристапување.“

Формулацијата за македонски јазик во предлог-преговарачката рамка на Северна Македонија:

Формуалцијата за хрватскиот јазик во Преговарчката рамка на Хрватска:

Формулацијата за српски јазик во Преговарачката рамка на Србија:

 

 

Back to top button
Close