360: Името Иван Михајлов–Радко само по себе не е основа за распуштање на здружение, оценил Стразбур во 2009

Две децении подоцна, во слични околности, името Иван Михајлов, познат под псевдонимот Радко, повторно ја бранува домашната јавност, откако во 2000 и 2001 г. се случи „премиерата“ – регистрација и промоција на здружение од Охрид со таков назив во тензични околности

Интригантно е што спротивно на одлуката на Уставен суд од 2001 г. со која Статутот и Програмата на „Радко“ се прогласени за ништовни, Судот во Стразбур во 2009 г. оценил дека името, само по себе, не е доволно за „згаснување“ на здружение во демократска држава

Пресудата во Стразбур е донесена со шест гласа „за“ и еден „против“ – на судијката од Македонија, Мирјана Лазарова-Трајковска, која дала издвоено мислење Во екот на јавната дебата по саботната церемонија кога Здружението „Иван Михајлов“ од Битола отвори и клуб „Ванчо Михаилов ВМРО“ и тоа во присуство на целиот бугарски државен врв, се отвори прашањето како институциите воопшто дозволиле регистрирање на организација со такво име.

Во медиумските извештаи деновиве се споменува и пресудата на Уставниот суд од 2001 година, кога ја укина регистрацијата на Здружението „Радко“, именувано по псевдонимот на Иван (Ванчо) Михајлов. Уставен ги прогласил статутот и програмата на Здружението за ништовни оти ценел дека биле насочени кон насилно рушење на уставниот поредок и потикнување на национална или религиска омраза и нетрепеливост.

Според Уставен, вистинската цел на Здружението била оживување на идеологијата на Радко. Судот, меѓу другото, одлуката ја темелел на тоа дека „според учењето на Иван Михајлов ‘Радко’, македонскиот народ никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија…“.

Следната година, Основниот суд Охрид утврдил престанок на работата на Здружението, по што следувала жалба до Апелацискиот суд во Битола, а потоа и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Повеќе на 360.мк 

Back to top button
Close