360-Уште четири директори на клиники ќе враќаат пари – ФЗО утврди дека добивале вишок плата

Дежурства и по 13 пати во месецот, за време на одмор и службен пат?

Во извештајот на Институтот за радиологија, за медицинскиот директор Гордана Антулеска-Белческа, се констатирани денови кога ем користела одмор или слободни денови, ем била потпишана во тетратка за редовно присуство на работа или дежурство.

дел од извешајот за Институтот за радиологија.

„(За медицинскиот  директор е доставено н.з.) решение за користење на годишен одмор … за период од 20.6 до 27.6.2022 година. Во распоредот за дежурства… има евидентирано дежурство на медицинскиот директор на 22.6.2022 година. Во презентираната рачна тетратка за присуство во редовни работни денови има потпис од медицинскиот директор за работните денови од 20 до 27 јуни 2022 година.“

Понатаму, контролата забележала дека додека директорката била на службен пат на 16 и 17 август, запишана е и дека дежурала на работа.

Медицинскиот директор ѝ укажа на контролата дека дежурството евидентирано во распоредот за дежурства на доктори 17.8.2022 година го извршил на 17.8.2022 година, по завршување и враќање од службеното патување во Ниш – Република Србија.“

На прашањата на „360 степени“ за овие недоследности, од Институтот за радиологија одговорија со поинакви факти од нотираните во извештајот на ФЗО. Прво, дека директорката не била на одмор при крајот на јуни, како што тврди Фондот.

„Во периодот 20-27 јуни медицинскиот директор не користел годишен одмор. Решенијата за годишен одмор можат да се проверат во архива“,одговорија од Институт за радиологија.

А, потоа и дека медицинската директорка не била дежурна веднаш по враќањето од службен пат, како што пишува дека изјавила пред контролата на Фондот.

„На посочениот датум медицинскиот директор не дежурал, доказ е Мој термин, медицинскиот директор има смена на дежурство од 17.8. со 22.8.2022 година“,одговорија од Институтот за радиологија.

На прашањето дали се согласуваат со наодите, од Институтот велат дека Управниот одбор во целост се согласува со ваквите контроли.

Целото истражување од ревизијата прочитајте ја ТУКА

Back to top button
Close