360: (ВИДЕО) Градоначалникот на Кочани за меморијално обележје за жртвите: Го чекаме проектот од здружението на родители

Постапката за изградба на меморијално обележје за 63 жртви во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ кој се случи минатата година е завршена од страна на Општината Кочани, а сега се очекува проектот да биде изготвен од родителите на загинатите и Здружението „16 Март“, информира кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тој вели оти просторот ќе биде уреден онака како што ќе посакаат родителите, но додава дека во програмата за

Постапката за изградба на меморијално обележје за 63 жртви во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ кој се случи минатата година е завршена од страна на Општината Кочани, а сега се очекува проектот да биде изготвен од родителите на загинатите и Здружението „16 Март“, информира кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тој вели оти просторот ќе биде уреден онака како што ќе посакаат родителите, но додава дека во програмата за тековната година немаат предвидено финансиски средства за поддршка за изградбата на меморијален центар, а немало ниту разговори со Здружението за евентуална помош. Грозданов вели дека доколку тие побараат, како Општина ќе ги стават во погон сите можни капацитети.

На новинарско прашање какви се неговите релации со Здружението имајќи предвид дека тие повремено изразуваат незадоволство од државните институции, Грозданов вели:

„Во моментот со нив имаме прекрасни односи. Јас сум човек што пред сѐ во првите денови ги повикав, ги ислушав сите нивни барања. Не стануваше збор за некакви големи барања. Сѐ што ми е побарано во дел на ситни работи коишто може да се извршуваат и коишто се во локалната самоуправа и под ингеренција на градоначалникот, сѐ ми е реализирано во тој однос. Во моментот имаме и заедничка соработка со нив, планираме заеднички настани и така.“

Во однос на најавите за дополнителни 100 милиони евра инвестиции за Општина Кочани, кои дојдоа директно од премиерот, градоначалникот Грозданов вели дека за тоа прашање разговарал со Мицкоски, но и со евроамбасадорот Михалис Рокас и оти и тие како општина чекаат бидејќи процесот е во тек.

„Ние на општинско ниво работиме сѐ за да ги исполниме тие критериуми. Имаме потврда и од евроамбасадорот дека и на владино ниво се работи и за многу брзо очекуваме дека треба да се реализира или да почнат да се реализира тој проект ’Кочани 2026-2030’, барем да почнат да се реализира дел од проектите, а ние сме должни да најдеме каде да ги реализираме парите“,изјави Грозданов.

Ќерката на градоначалникот Влатко Грозданов беше сериозно повредена во пожарот во „Пулс“ и беше транспортирана да се лекува во Солун. Според него, таа била во животозагрозувачка состојба, како и многу други деца кои во клиниките во Скопје биле приклучени на механичка вентилација. Грозданов вели дека во болницата „Папаниколау“ во Солун добиле хуман третман, топол прием и дека сведочел на пожртвуваност на тамошните лекарски тимови кои целосно се вложиле за да ги спасат повредените деца.

„Една пожртвуваност што не се опишува со зборови, посветеност на лекарите кои ги даваа натчовечките напори за да успеат да спасат, да зачуваат максимум што можат од повредите, да ги одржат децата пред сѐ во живот. Многу, немам зборови со кои можам да го опишам тоа“,кажа Грозданов, кој е лекар гинеколог.

Во однос на искуствата со болницата во Кочани и нејзините капацитети, односно дали сега може да им ја пружи потребната нега на повредените, Грозданов вели дека лекарите се трудат да направат се што можат, а на повредените им се прават неопходните преврски, третмани за лузните, кортикотерапија и слично.

„Тоа може да се изведува овде во кочанската болница. Од претходно бев критичар на функцијата на болницата и тоа не го кријам бидејќи не беше тоа што се очекуваше. Но, за овој момент, после пожарот, не би критикувал ништо бидејќи голема е бројката на повредени на кои им требаше помош за понатаму да се стабилизира ситуацијата. Можеби после една година, кога ќе намали бројката на повредени деца, пак ќе бидам критичар во смисла дека навистина треба нешто повеќе да се направи во кочанската болница“,рече Грозданов.

Back to top button
Close