360Степени: Еврокомесарот Вархеји ќе посредува за консензус за изборниот датум?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе разговара со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, потврдија од опозициската партија, по информациите дека ЕУ ќе посредува за консензус меѓу партиите за датумот за одржување на 10. парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април, а процесот беше прекинат на 21 март, поради кризата со коронавирусот, пренесе 360 Степени.

-Точно е дека претседателот Христијан Мицкоски има интензивни разговори со партнерите од меѓународната заедница при што ги запознава со нашите аргументи и загриженост за здравствената, политичката и економската состојба. Во текот на денот ќе оствари разговор со комесарот Вархеји – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ досега не одговориле дали и партискиот лидер Зоран Заев ќе разговара со еврокомесарот Вархеји, како што неофицијално се најавува. Од партијата засега остануваат на ставот дека гласањето ќе се реализира на 5 јули, односно 22 дена по завршувањето на вонредната состојба в недела.

повеќе

Back to top button
Close