Студентите бараат одговор: Кога ќе ни бидат исплатени парите за субвенциониран оброк?

Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не имс е исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.twitter sharing button

Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде псосакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите, велат од Студентски отпор за правда на студентите.
Тие упатуваат повик до оние кои преговарале во име на студентите да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат. Доколку не добиеме одговор, велат оттаму, ќе пристапат кон организирање масовни студентски демонстрации.

 

 

Back to top button
Close