4 години затвор за екс директорот на геријатрија, казни и за соработникот во случајот со мито

Кривичниот суд во Скопје го осуди поранешниот директор на Клиниката за геријатрија, Мухсин Арифи, на четири години затвор за кривичното дело примање мито, додека неговиот соработник Блерим Амети беше осуден на една година и десет месеци затвор.

Судот како отежнувачки околности ги ценеше тежината и начинот на извршување на делото, земајќи го предвид и времето поминато во притвор. Арифи беше обвинет дека побарал мито за хоспитализација на лице во тешка здравствена состојба, иако тоа било негова службена должност, додека Амети беше уапсен на лице место при примање 20 илјади евра, дел од сумата наменета за Арифи.

Двајцата обвинети во текот на судската постапка ја негираа вината.

Back to top button
Close