4њуз: Раскол во „Влен“? Министерот Фатмир Лимани „пребега“ кај ВМРО-ДПМНЕ – наместо на координација, отиде на нивна забава
Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата ВЛЕН. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, најверојатно ги напушта редовите на коалицијата и преминува кон партнерот во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, пренесе 4њуз.

Според последните информации, јазот станал очигледен денеска, кога Лимани направил потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб на матичната коалиција.
Лимани денеска не се појавил на координативната средба на владините функционери од редовите на ВЛЕН. Но, додека неговите колеги заседавале, тој во исто време бил присутен на новогодишен коктел организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Ултиматум до Мицкоски: „Или сменете го, или земете си го“
Според партиски извори, ова не е изолиран инцидент. Се тврди дека Лимани веќе подолго време делува надвор од инструкциите и партиската политика на ВЛЕН.
Неофицијално, трпението на ВЛЕН е при крај и тие веќе упатиле барање до премиерот Христијан Мицкоски:
Лимани да биде разрешен од министерската позиција;
Или, официјално да се смета како кадар на ВМРО-ДПМНЕ и да не влегува во квотата на ВЛЕН






