Четири новозаразени со ковид-19 во Штип, се дезинфицираат влезовите на текстилните фабрики по
Четири новозаразени со ковид-19 во Штип, се дезинфицираат влезовите на текстилните фабрики по
Општина Штип оствари комуникација со Министерството за дравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка болница Штип и Центар за јавно здравје и нашите капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, изјави на прес конференција штипскиот градоначалник Благој Бочварски.
– Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има четири нови позитивни случаи од кои два се од истата текстилна компанија. Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23.000 заштитни маски на институции и граѓани – рече Бочварски.
Тој информира дека волонтерите досега извршиле услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираше тие да продолжат да ги користат нивните услуги.
– Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој сѐ уште е присутен и ќе остане овде и понатаму, а борбата со истиот овој вирус за којшто сеуште нема лек или вацина треба да го водиме сите заедно со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите. Задоволни сме од дисциплината на нашите сограѓани и од тоа како се справуваме со ковид-19, но мало опуштање коешто се чуствуваше во јавноста и непочитување на мерките придонесува повторно да се појават нови случаи.Ќе го победиме вирусот и после олабавување на мерките, но само со крајна внимателност, дисциплина и одговорност – рече градоначалникот.