41 работник од фабриката на Кромберг и Шуберт затруени со храна од фабричките мензи

Вкупно 41 вработен од фабриката Кромберг и Шуберт од четвртокот до денес пријавиле дека се затруле со храна во двете фабрички мензи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат денска ја затвори втората менза во фабриката, откако 11 вработени побарале лекраска помош со симптоми на труење.

Во четвртокот се затвруле 30 вработени, а ДСЗИ тогаш ја затвори првата менза.

Директорката на ДСЗИ Ирина Бухова за Телма изјавила дека според информациите од Биотолската болница досега ниту еден пациент не е хоспиталзиран. Сите биле на преглед во дневанта амбуланта на Инфективно одделни и дадена им е соодветна терапија. Заедничко за сите затруени е што конзумирале иста салата.

Со оглед на то што во двете мензи дневно се делат околу 5000 оброци, можно е да има и други вработени со симптоми на труење, велат од инспекторатот.

Земени се примероци и од работните површини во кујните, како и од оброците по што треба да се утврди причината за труењто на работниците во фабриката Кромберг и Шуберт во Битола

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close