46 годишен активист и член на СДСМ загина синоќа кај с. Колари, Битиќи и Шилегов испратија пораки
46 годишниот Владимир Николовски загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа откако автомобилот излетал од патот кај село Колари, после Страша на пат кон Кичево. Малолетна сопатничка со тешки повреди е итно префрлена на скопските клиники.
„Според пријавата во МВР, автомобил марка „форд“ со скопски ознаки изгубил контрола и се превртел, па паднал во река. Загинатиот има 46-години“, велат од МВР.
Од синоќа членови и активисти на СДСМ со неверување се збогуваат со нивниот прерано починат сопартиец.
„Вчера се смеевме, а денес се сè промени. Длабоко сум тажен и потресен поради ненадејната загуба на нашиот драг партиски другар, како што го викавме, Влатко Бате. Спомените за неговиот жив и ведар дух засекогаш ќе бидат запаметени во СДСМ. Сочувство до семејството, роднините и пријателите“, напиша Битиќи.
Николовски и Фатмир пред само еден ден биле заедно на отворање на нов регионален штаб на СДСМ.