Филипче: Апел до МВР да постапуваат и да санкционираат, лица во самоизолација се шетаат на улица

Министерот Фичипче искажувајќи загриженост од последните бројки на новозаразени соопшти дека вчера била направена вонредна контрола во Тетово и во Штип.

Епидемилозите во Тетово се соочуваат со пациенти кои не кажувале со кого контактирале, а дури и давале погрешна адреса и не може да им се врачат решенија за самоизолација.

Во Штип не била почитувана мерката за превоз на работнички во текстилна фабрика, една е веќе затворена.

Филипче истакна дека голем број од граѓаните мерките ги почитуваат но има и многу кои воопшто не ја разбираат сериозноста на болеста.

-Апелирам – рече министерот Филипче – министерството за внатрешни работи да го санкционираат односно казнуваат секое непочитување на мерките за превенција.

Back to top button
Close