5.000 златници со ликот на Меркел

Лимитирана серија златници е пуштена во продажба во Германија со ликот на канцеларката Ангела Меркел, а во во пресрет на утрешните парламентарни избори.

Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.

Златникот тежи 0,58 грама, чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5 000 парчиња.

На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел, изгравиран во 2005 година, кога таа ја презема функцијата канцелар на Германија.

Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на една од највлијателните жени во светот, која, по 16 години на врвот на германската и европската политика, реши да се повлече од фунцијата и да не се бори на нов мандат на изборите што ќе се одржат утре.

 

Back to top button
Close