5 годишно дете загина откако било удрено од електричен тротинет управуван од 10 годишно дете!

Петгодишно момче го загубило животот по трагичен инцидент во населбата „Надежда“ во бугарскиот град Сливен.

Според првичните информации, несреќата се случила кога 10-годишно дете, кое управувало електричен тротинет, ненамерно удрило во петгодишното момче.

Од силата на ударот детето паднало и се здобило со исклучително тешки повреди. И покрај обидите да му биде помогнато, повредите биле фатални и момчето починало.

Полицијата ги истражува сите околности под кои се случила трагедијата, а надлежното обвинителство веќе отворило истрага за случајот.

Back to top button
Close