50 дена од трагедијата во Кочани: Велотрка во спомен на настраданите

На иницијатива на родителите денеска во Кочани се одржан велосипедска трка, насловена „По патеките на оризот“ во спомен на трагично загинатите. На денешниот настан учествуваа околку 300 учесници, меѓу нив и професионални спортисти.

„Дали треба да ни се случат трагедии за да си подадеме рака и да се сплотиме. Да си бидеме поддршка и да сме сите заедно. Заедно сме и даваме поддршка на сите повредени, посакувајќи побрзо оздравување. Овде сме, не се откажуваме ќе се бориме, не се предаваме“, изјави Жаклина Пауновска Анѓеловиќ  Од Кочани и денеска порака за правда и расветлување на вистинските причини и виновници за трагедијата во која загинаа 62 млади скоро 200 беа тешко   повредени.

Back to top button
Close