50-годишна жена е починатата која вчера полицајци ја извадија од водите на Вардар


МВР во денешниот билтен информира дека вчера претпладне околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.

Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член на нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила.

Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close