50 серии што мора да ги изгледате во 2024 година (5 дел)

Со актерски имиња како Кејт Винслет, Софи Тарнер и Бенедикт Камбербач, сериите годинава ќе отсликаат и неколку добри романи, но и разни историски или научно-фантастични приказни. Прочитајте за најдобрите 50 серии кои излегуваат годинава!

Ривали (Rivals)

Tоп британски актери како Џили Купер, Ејдан Тарнер и Давид Тенант и според актерите но и продукција, ќе биде маестрално остварување.

 

Савант (The Savant)

Приказната од Космополитан од 2019 година „Дали е можно да се спречи масовно пукање пред да се случи“ е претставена во серија за инфилтрација на детектив во онлајн групи на омраза со намера да се спречат криминални дела од насилни мажи.

 ЧВо серијата глуми Џесика Частајн.

 

Чудни нешта (Stranger Things)

Гарантиран хит на 2024 година е последната сезона на „Почудни нешта“, а не е ни важно што ќе биде заплетот – иако се надеваме дека децата ќе триумифираат над демонот Векна.

Во моментов „Почудни нешта“ е вистински хит така што и новата сезона ќе доминира во муабетите со месеци.

 

Симпатизерот (The Sympathizer)

Тешко е да се задржи возбудата и за оваа серија по истоимената книга која освои Пулицерова награда за виетнамски шпион пратен во САД.

Во серијата глуми и Роберт Дауни Џуниор.

 

Тетовирачот од Аушвиц (The Tattooist of Auschwitz)

Приказна за тетовирач во логорот Аушвиц кој се заљубува во Еврејка која и го тетовира логорскиот жиг. Овој роман беше вистински феномен во 2018 година, а телевизиската адаптација ги вклучува Јонах Хауер-Кинф и Ана Прочниак.

 

Овој град (This Town)

Стивен Најт е еден од најуспешните сценаристи периодов, со три серии и три филмови во последните три години.

Но, „Овој град“ најверојатно ќе му биде една од најдобрите.  Сместена за време на експлозија на популарноста на ска музиката, во оваа драма глумат Мишел Докери, Џордан Болгер и Џералдин Џејмс.

 

Отровен град (Toxic Town)

Минисерија за Корби скандалот со отровен отпад во осумдесетите и деведесетите кој предизвика дефекти кај многу новороденчиња.

Улогите ги толкуваат Џоди Витакер, Роберт Карлајл и Рори Кинеар.

 

Патот (The Way)

Серијата следи цивилно востание кое почнува во Велс и завршува со обид на една фамилија да избега од земјата.

Напишата е од Џејмс Грахам, а режирана од Мајкл Шин.

 

Ние сме Женските Делови (We Are Lady Parts)

Враќањето на револуционерната комедија на Нида Манзур за муслимански феминистички панк бенд ќе биде вистинско освежување. Дали сè уште ќе бидат толку јаки?

Сите знаци упатуваат дека ќе биде интересно враќање!

 

Можеби ќе зажалиме за ова (We Might Regret This)

Оваа комедија ја раскажува приказната за тетраплегична жена која е во нова врска, но не може да има ниту еден момент сама со нејзиниот партнер поради нејзините персонални асистенти.

Тогаш ќе одлучи да го вработи нејзиниот најдобар пријател.

Back to top button
Close