50 серии што мора да ги изгледате во 2024 година (прв дел)

Со актерски имиња како Кејт Винслет, Софи Тарнер, Бенедикт Камбербач… сериите годинава ќе отсликаат неколку добри романи, но и разни историски или научно-фантастични приказни. Прочитајте за најдобрите 50 серии кои излегуваат годинава!

Господин Бејтс наспроти Поштата (Mr Bates vs The Post Office)

Се работи за една од најголемите неправди во историјата – скандалот со Британската пошта во кој скоро илјада поштенски оператори беа приватно тужени за кражба и измама поради неисправен софтверски систем – која никогаш не ја доби јавната видливост што ја заслужуваше.

Но со новата драма на Гвинет Хјуз, со актерите Тоби Џонс и Џули Хесмондалг можеби конечно ќе го добие потребното внимание.

Предавниците (The Traitors)

Клаудиа Винклман и нејзините плетива се враќаат во замокот за втората сезона на неверојатниот хит на злобното/генијалното реалити шоу.

Дали новата група Верници ќе успее да ги надмудри Предавниците и да ги однесе дома парите

Вистинска љубов (Truelove)

Што кога пријателите што сте ги сакале со децении, уште од кога сте биле млади, диви и неврзани побараат од вас да ги убиете?

Тоа е целосно црната премиса на оваа драма за еутаназија на Чарли Ковел (позната по „Крајот на е***иот свет) во која глумат Линдзи Данкан и Кларк Питерс како пријателите задолжени за задачата да го завршат животот на нивната стара банда. Но дали ќе успеат да го направат тоа?

 

Џулија (Julia)

Сара Ланкашир се враќа во неверојатна форма како Џулија Чајлд, пионерскиот ТВ кулинарски шеф.

Овојпат, Џулија оди во Париз за да добие повеќе инспирација за нејзиното шоу „Францускиот шеф“ – кое станува толку популарно дома што завршува во Белата куќа. Како и секогаш, очекувајте оваа серија да плива во толку многу путер што вашите артерии ќе се затнат само гледајќи – Sky/Now, 5 јануари

Криминално досие (Criminal Record)

Серија од ветеранот Пол Рутман, овој криминален трилер ги носи на едно место Питер Капалди и Каш Џамбо. По сè изгледа дека оваа серија е храбра, мрачна и агресивна во исто време.

 

Ехо (Echo)

Фановите на серијата од Дизни+, „Окото на јастребот“ веќе ја знаат Маја Лопез, глувонема херојка која го одмаздува убиството на нејзиниот татко.

Во „Ехо“ Лопез конечно добива свое место. Најдбро од сè е фактот дека Винсент Д’Онофрио се враќа како злобниот господар на криминалот, Кингпин.

Гладијатори (Gladiators)

Дали сте подготвени? Класичното шоу од деведесетите се враќа со нови 16 феноменални гладијатори кои ќе се натпреваруваат во сосема нови предизвици заедно со класичните игри Силата и брзината повторно ќе бидат ставени на тест во најкултните спортски забавни игри.

 

Големи Момчиња (Big Boys)

Џек се враќа, a како што почнува втората година на универзитетот Брент тој e oдлучен да има секс, но не сака да оди во сабота вечер во Фрешерс Вик.

Автобиографската coming-of-age драма продолжува со втората сезона.

 

Вистински детектив (True Detective)

Четвртата сезона на оваа серија повторно изненадува.

Овој пат е сместена во Алјаска и е трилер со поднаслов „Ноќна земја“ и ни помалку ни повеќе со Џоди Фостер во главната улога.

Иселеници (Expats)

Новата драма на Амазон веќе е контроверзна, снимана е во Хонг Конг за време на Ковид 19, а за време на снимањето актерката Никол Кидман беше ослободена од карантин.

Сè уште има надеж на ова да се замижи кога ќе почне да се емитува и луѓето ќе ја гледаат. Режирана од Лулу Ванг, сепак ветува многу.

извор

 

 

Back to top button
Close