52 годишен битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен кај Макази
Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди.
Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело.
Полицијата и истражните оргни вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин од 13:20 часот и ќе остане затворен сè додека трае истрагата.