53-годишник од Џепчиште загина додека извршувал работни задачи

МВР информира дека вчера попладне во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште.

Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите.

На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Back to top button
Close